Црна хроника
Пиштол, пет мини и две бомби пронајдени во домот на тетовец
Пиштол, пет мини и две бомби пронајдени во домот на тетовец. Според полицијата, во село Брвеница, Тетовско, со наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово бил извршен претрес во стан и други простории кај 52-годишниот Ѓ.С.
Притоа биле пронајдени: еден пиштол марка „зброевка“ во калибар 7,65 мм и еден сандак од муниција, во кој имало пет мини и две рачни бомби. Известен е јавен обвинител. По завршување на претресот, Ѓ.С. е лишен од слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.