Црна хроника
Пијан маж почнал тепачка во локал и се обидел да прегази луѓе со автомобил
Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Н.А.(31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против П.А.(34), Ѓ.И.(30) и М.В.(40), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 19.08.2018 година околу 00:20 часот во Штип, на улицата Кирил и Методиј во кафе-бар првопријавениот, под дејство на алкохол, го нарушил јавниот ред и мир, по што настанала вербална расправија и физичка пресметка помеѓу истиот и второпријавениот, кој е сопственик на објектот.
По ова, истите излегле надвор од објектот, каде првопријавениот, управувајќи возило „ауди А6“, се обидел да го прегази второпријавениот и уште две други лица, при што им нанел телесни повреди. Потоа второ, трето и четвртопријавениот почнале да го оштетуваат наведеното возило, во кое имало уште еден сопатник и физички го нападнале првопријавениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.