Црна хроника
Пијан маж се заканил дека ќе ја крева Владата во воздух
Пијан маж, во петок попладне се јавил во полиција и се заканил дека за кусо зградата на Владата во Скопје, ќе биде нападната со ракети.
Како што соопшти полицијата, во 17.40 часот на телефонскиот број 192 од мобилен телефон се јавил маж во видно алкохолизирана состојба и без да се претстави рекол дека „за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“.
МВР веднаш постапило и ги презело сите оперативно тактички мерки.
Пронајден е мажот кој се јавил на 192 и однесен во полициска станица, каде објаснил дека неговото јавување било мотивирано затоа што, како што рекол, „сакал да привлече внимание затоа што не бил задоволен од функционирањето на системот во државата“.
Имено, во петокот, тој бил приведен во полициска станица за друго дело, за кое, според негово тврдење не бил виновен.
Се преземаат соодветни дејствија за расчистување на случајот, а известен е и јавен обвинител./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.