Црна хроника
Пијан навредувал луѓе пред болница па починал
Непознат човек во алкохолизирана состојба доцна синоќа ги навредувал луѓето пред влезот на Јавната здравствена установа во Кавадарци и одбивал да му се пружи лекарска помош.
Околу 1:10 часот, кога излегле да видат што се случува со него, забележале дека лицето лежи на земјата без знаци на живот. По извршени проверки констатирано е дека се работи за Ј.М. (48) од Кавадарци.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.