Црна хроника
Поведена истрага против дилер од Скопје
Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
На 7 април во домот на осомничениот 31-годишен скопјанец на улица Метохиска биле пронајдени 226,89 грама марихуана во полиетиленски пакувања анеменети за натамошна неовластена продажба. Освен ова, при претресот била одземена и една дигитална вага.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијае врз постапката или да го повтори делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.