Црна хроника
Поведена постапка за гевгеличанецот кој со лажно претставување измамил повеќемина
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против 41-годишен гевгеличанец за сторени две кривични дела од продолжен вид, и тоа измама и злоупотреба на лични податоци.
Осомничениот во временскиот период од 28.10.2019 година до 2.2.2020 година во 18 наврати со умисла извршил временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно извршување на истото дело. Тој со намера за себе да прибави противправна имотна корист се јавувал телефонски на повеќе повозрасни лица, претставувајќи се како службеник вработен во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување или во други државни институции кои вршат дејност од јавен интерес. Со лажно прикажување факти ги доведувал, а потоа и држел во заблуда оштетените дека може да им помогне во остварување на некое право или придобивка од пензија. За да им обезбеди додаток на пензија, заостанати исплати на пензии од брачни другари, запирање на извршување или друго право, осомничениот барал од оштетените да му достават лични податоци и документација и да му дадат парични средства за вршење на услугата. Вршејќи измама, осомничениот успеал за себе противправно да присвои 54.650,00 денари од вкупно договорените 112.840,00 денари.
Бидејќи постојат околности кои очигледно укажуваат на опасност од бегство, а имајќи ја предвид тежината на сторените дела и казна што се заканува, јавниот обвинител до Основниот суд Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.