Црна хроника
Поведена постапка за државјани на Албанија кои продавале марихуана во Гостивар
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против двајца државјани на Албанија на возраст од 21 и 26 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и продажба на дрога.
На 10.10.2020 година при извршен личен претрес кај осомничените, а подоцна и извршен претрес во нивното престојувалиште, полициски службеници пронашле вкупно 226,1 грама наркотична дрога – марихуана, која осомничените ја набавиле со намера да ја продаваат во Гостивар и околината.
По донесување на Наредбата за спроведување истражна постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Гостивар достави предлог на осомничените да им биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка при надлежниот суд, го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените со Решение им определи притвор во траење од по 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.