Црна хроника
Поведена постапка за кражба во Гостивар
Гостиварка зела пари од банкомат, кој со задоцнување ги исфрлил парите на друга жена. Според информациите, обвинетата стоела во ред за банкомат зад оштетената која повлекувала пари.
При обидот да повлече пари клиентката, банкоматот задоцнил, па сумата од 15.000 денари ја исфрлил со задоцнување. За тоа време оштетената се оддалечила, а обвинетата веднаш зад неа ги зела парите и наместо да пријави, си заминала. Со ова на оштетената ѝ била нанесена штета од 15.000 денари.
Против 43-годишна жителка на Гостивар, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за кривично дело кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.