Црна хроника
Повеќе лица од Тетово осомничени за перење пари
Неколку лица од Тетово се осомничени за перење пари, информира Министерството за внатрешни работи.
СВР Тетово поднело кривична пријава против К.Д.(40), Ф.Д.(61) и Е.Р.(20), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.
Овие лица во текот на 2016, 2018 и 2019 година во повеќе наврати, преку услугата за брз трансфер на пари, на своите трансакциски сметки отворени во Република Северна Македонија, врз основа на нерегулиран правен основ, примиле парични средства во вкупен износ од 22.327 евра и 8.507 американски долари, како и 3.750 денари, а кои им биле испратени од поголем број непознати лица од Германија, Швајцарија и Косово.
Притоа, Е.Р. паричните средства кои ги примил на неговата трансакциска сметка, откако ги извадил му ги дал на К.Д, додека К.Д. и Ф.Д. паричните средства кои ги примиле од непознати лица на нивните трансакциски сметки, откако ги подигале од сметките, во повеќе наврати ги предавале на рака на А.К., државјанин на Турција кој престојувал во Република Северна Македонија, кој за возврат за направената услуга им давал 1.000 денари.
Пријавените лица, со фактот што примиле парични средства од непознати лица и ги испратиле, исто така, на непознато лице, без да постои правен основ на нивното примање и испраќање, биле должни да знаат или можеле да знаат дека наведениот износ на парични средства најверојатно потекнува и е прибавен од казниво дело, велат од МВР.
Од таму дообјаснуваат дека со стореното кривично дело пријавените се стекнале со вкупна противправна имотна корист во висина од 1.821.776 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.