Црна хроника
Повредена кавадарчанка, со возилото излетала на патот за Росоман
Синоќа, во 21 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – с. Росоман, кај с. Рибарци, патничко возило „мицубиши лансер“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ж. С. (38) од Кавадарци, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата Ж. С. добила тешки телесни повреди по што била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.