Црна хроника
Двајца рудари повредени при ископ на руда во „Тораница“
Двајца рудари се повредени при ископ на руда во рудникот „Тораница“, соопшти МВР. Според информациите на полицијата, вчера околу 14.40 часот во Здравствениот дом во Крива Паланка биле донесени лицата В.М. (41) од село Дурачка Река и Н.С. (40) од Крива Паланка, рудари во рудникот „Тораница“.
В.М. по укажаната лекарска помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување, а кај Н.С. биле констатирани телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување во Здравствениот дом во Крива Паланка. Според пријавеното, лицата добиле повреди при вршење ископ во рудникот, каде што се одронил материјал – руда.
Од МВР информираат дека е извршен увид на местото на настанот од страна на полициски службеници, трудов инспектор, државен рударски инспектор и претставници од рудникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.