Црна хроника
Поднесено обвинение за повеќекратно разбојништво
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинение против едно лице што се товари за кривично дело разбојништво, како и за продолжено кривично дело разбојништво.
Како што се наведува, на 10.11.2017 година, на бензинската пумпа на улицата Методија Андонов – Ченто во Скопје, обвинетиот со закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на едно лице, му одзел 16.384 денари. Притоа, на оштетениот му се заканил со нож и му ги одзел парите од џебот, а се обидел да ја ограби и касата за наплата, но во неа немало пари.
Претходно, во текот на 2015 и 2016 година, обвинетиот со умисла извршил пет други дела, притоа искористувајќи ист траен однос, исти причини и други слични околности.
Притоа, цел на разбојништво биле таксисти од разни такси-компании, од кои обвинетиот барал да го превезат на разни локации во Скопје, а потоа со закана им одземал помали суми пари. На овој начин вкупно одзел 12.650 денари.
Поради опасност од бегство, опасност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и оправдан страв дека би можел да изврши нови кривични дела од ист вид, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.