Црна хроника
Поднесено обвинение против дадилката што тепаше тригодишни близнаци во Скопје
Скопското Обвинителство поднесе обвинение против дадилката А. К. (55) од Скопје, која претходно беше осомничена дека физички малтретирала тригодишни близнаци. Таа е обвинета за кривично дело запуштање и малтретирање дете.
„Во првата половина од ноември 2019 година обвинетата била ангажирана како негувателка на две деца на возраст од три години. Но, додека родителите биле на работа, таа постојано им викала на децата без причина, ги навредувала и физички ги напаѓала, удирајќи ги со рака по главата и кубејќи ги за косата. Со цел да се заштитат од неа, во моментите кога им се приближувала негувателката, децата заземале одбранбено движење со кревање на рацете кон главата“, соопштија од Обвинителството.
Таа била откриена со безбедносни камери, кои мајката Н. С. (33) ги поставила во домот.
Надлежен јавен обвинител поднесе предлог за продолжување на притворот на обвинетата поради опасност од бегство и можност да продолжи со извршување на кривичното дело, односно да работи иста или слична работа, со што и други деца би биле доведени во ризик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.