Црна хроника
Поднесено обвинение против дилер на хероин и кокаин од скопско Сингелиќ
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Според обвинението, лицето заради продажба набавило поголемо количество хероин и кокаин, ја однело во својот дом во скопското село Синѓелиќ и ја препакувало во помали количества со намера да ја пушти во продажба.
При извршениот претрес на неговиот дом на 7 март бил пронајден кокаин со вкупна нето-маса од 269,41 грама, како и кокаин со вкупна нето-маса од 90,9 грама. Притоа била пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од наркотична дрога.
„Со оглед на тоа што се работи за лице кое досега повеќепати е осудувано, а имајќи го предвид видот и карактерот на кривичното дело, висината на пропишаната казна и начинот на извршување, надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка притвор. Затоа до Основниот суд Скопје 1 Скопје заедно со обвинителниот акт е поднесен и предлог за продолжување на притворот, поради опасност обвинетото лице да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да влијае на кривичната постапка“, соопштија од ОЈО Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.