Црна хроника
Познат идентитетот на загинатиот возач од сообраќајната незгода кај Кичево
Ј. С. (58) од кичевското село Лавчани загинал во вчерашната сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево – Охрид. Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила по директен судир на автомобил „пасат“ и автмобил „сузуки марути“.
„Сообраќајната несреќа се случи во 13.55 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на кракот за кичевското село Добреноец. Критичното време дошло до судир на автомобил „сузуки марути“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Ј. С. (58) од селото Лавчани, и „пасат“ со кичевски ознаки, управувано од С. С. (30) од Кичево. Од силината на ударот Ј. С. (58), возачот на „марутито“, починал на самото место, а С. С. (30) и сопатникот С. С. (51) добиле телесни повреди“, информираат од охридската полиција.
Автомобилот „сузуки“ се движел од Охрид кон Кичево и по ударот, се превртел на покривот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени пет лица од Гостиварско, украле добиток и го продале
Полициски службеници на СВР Тетово-Полициско одделение Галате, вчера во 16 часот и 15 минути и 19 часот и 30 минути ги лишиле од слобода: 23-годишниот Е.Ф., 18-годишниот Ј.М., 27-годишниот Е.А., 18-годишниот А.Д. и 32-годишниот И.Ф., сите од гостиварски Добридол, извести СВР Тетово.
„Тие се сомничат дека во периодот од 23.03. до 28.03.2024 од штала сопственост на 38-годишниот С.М. од истото село, противправно одзеле добиток и потоа го продале на друго лице од тетовско“, соопшти СВР Тетово.
Задржани се во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Две лица од Тетовско измамени за 11 илјади евра: Албанец им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, ниту отворил, ниту ги вратил парите
Педесет и седумгодишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот на минатиот месец нему и на уште едно лице им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, а за возврат тие во три наврати му платиле вкупно 11 илјади евра, извести СВР Тетово.
„Но, ниту фирмата им била отворена, ниту парите им ги вратил, по што сфатиле дека се измамени“, соопшти СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.