Црна хроника
Полицаец изготвил лажен записник за сообраќајна несреќа и се потпишал во име на учесниците
Полицаец од Сушево изготвил лажен записник за сообраќајна несреќа што се случила во септември лани, со што не можело да се утврди виновникот за несреќата. Исто така, тој не зел изјави од учесниците и во службената внел лажни податоци.
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против К.В. (44) од село Сушево, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела несовесно работење во службата и фалсификување службена исправа.
Пријавениот К.В. во својство на полициски службеник на 5 септември минатата година при вршење увид по случена сообраќајна незгода, во која учествувале патничко возило и мотоцикл, не ги земал потребните изјави од страна на учесниците во сообраќајната незгода, со што не можеле да бидат точно прецизирани и точно утврдени фактичката состојба и виновникот за случената сообраќајна незгода.
Според информациите од МВР, наместо тоа, тој изготвил службени белешки за добиени информации преку непосреден разговор со граѓани, односно изготвил службени исправи што подоцна ги употребил како вистинити и во содржината на едната од нив внел невистинити податоци во однос на изјавата од учесник во сообраќајната незгода, кој притоа добил тешки телесни повреди.
Исто така, пријавениот своерачно ги ставил само првите букви од имињата и целите презимиња на лицата што учествувале во сообраќајната несреќа и потоа службените белешки ги заверил со своерачен потпис. На тој начин, велат од МВР, на оштетените учесници во сообраќајната незгода им било оневозможено да го остварат своето право на надомест на штета, односно била сторена потешка повреда на правата на возачите во остварувањето на правото за надомест на штета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.