Црна хроника
Полицаец при проверка на пиштолот испукал еден куршум во канцеларија
Полицаец од Тетово при проверка на службениот пиштол испукал еден куршум во канцеларијата. Во инцидентот нема повредени.
Според информациите на МВР, вчера, околу 10.30 часот, во работна канцеларија на СВР Тетово, полицискиот службеник Ш. С. (37), вршејќи проверка на службениот пиштол, испукал еден куршум, кој завршил во подот пред влезната врата.
Повредени лица нема. Од МВР велат дека во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Доживотен затвор за лице што на свиреп начин уби жена во Кочани
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна доживотен затвор.
Обвинетиот на 25.9.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена нанесувајќи и многубројни убоди со нож.
Во обвинението Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело уцена кон истата оштетена сторено пред убиството. Меѓутоа, тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје
Синоќа, во 20.45 часот, во Полициската станица Аеродром, К. И. (48) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден околу 14.20 часот во Полициската станица Карпош, Б. Р. (54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчер,а во 15.45 часот, во Полициската станица Драчево, А. Н. (52) од Скопје пријавил дека на улицата Јустинијан Први во Скопје бил каснат од куче скитник.