Црна хроника
Полицаец при чистење на пиштолот си пукал во раката
Изутринава во 06,15 часот во Полициската станица Гази Баба, во службена просторија полицискиот службеник Д.Ѓ.(26), кој бил на работа при чистење на службениот пиштол испукал еден куршум и се повредил во пределот на левата дланка. За време на настанот во просторијата бил и уште еден полициски службеник кој не бил повреден. Д.Ѓ. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.