Црна хроника
Полициско возило удрило во пешак во Велес
75-годишен велешанец бил тешко повреден по удар од патничко возило сопственост на МВР, а управувано од полициски службеник од Велес.
Според полицијата, вчера, во 7.50 часот, во СВР Велес било пријавено дека на улицата Панко Брашнаров во Велес, патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник В .А. (25) од Велес, удрило во пешакот Д. Т. (75) од Велес.
Во незгодата Д. Т. добил тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.