Црна хроника
Полицијата во „лов“ на танчерки во Гостиварско
Полициски службеници од СВР Тетово и од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово ноќеска спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Добридол, Гостиварско, сопственост на Б.Р.(25).
Притоа во објектот биле затекнати седум танчерки, од кои четири биле странски и три државјанки на Република Македонија.Четирите странски државјанки (три од Република Косово и една од Република Словенија), на возраст од 20 до 32 години, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. Во исто време била спроведена акциска контрола и во угостителски објект во село Чегране, Гостиварско, во кој биле затекнати осум женски лица, сите македонски државјанки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…
Црна хроника
Четири лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле во полициска станица дека биле искасани од кучиња скитници вчера во Скопје.
На 26.03.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, А.К.(24) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, И.А.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Центар, В.В.(57) од Охрид пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник.