Црна хроника
Полицијата заплени златни монети и врши претреси на повеќе локации
Полицијата приведе две лица и заплени златни монети, по сознанија дека договориле продажба на монетите.
„По добиени сознанија дека И.Н. од Прилеп, заедно со уште едно лице договориле продажба на златни монети на лице во Кочани, околу 11 часот на регионалниот пат, на влез на Кочани, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип запреле возило „фолксваген“ , управувано од И.Н., а сопатник бил Ш.С. од Кавадарци. При преглед на возилото, пронајдени се 16 златни монети“, велат од МВР.
Лицата се приведени и задржани во полициска станица Кочани , известен е јавен обвинител од кого се добиени насоки лицата да се задржат за понатамошна постапка.
Во текот на вчерашниот ден извршен е претрес на дом и други простории кај три лица Е.П (43)од Кавадарци,Ш.С(41) од Кавадарци и И.Н(46)од Прилеп. Во тек се претреси на уште две локации во Скопје и Кочани. Во врска со овој кривично правен настан МВР соработува и разменува дополнителни информации со Интерпол и Европол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.