Црна хроника
Полицијата трага по убиецот, обвинителството вештачи докази од Мала Речица
Основното јавно обвинителство Тетово го истражува убиството во Мала Речица.Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во тетовска Мала Речица, каде што според првичните информации 53-годишен тетовец ја лишил од живот својата сопруга.
Мотивот за настанот што се случил во семејната куќа на родителите на починатата се уште се истражува, соопшти обвинителството.
Напуштајќи ја куќата, осомничениот пукал и кон такси возило во близина. Таксистот не е повреден, но пронајдени се проектили во автомобилот. По настанот осомничениот избегал и по него се трага.
Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатата, како и наредби за прибирање и за вештачење на траги и материјални докази пронајдени на лице место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.