Црна хроника
Воз удри во карпа на пругата Кичево – Скопје, повредени нема
Поради одрон на пругата кај Лакавица, изутринава патничкиот воз што сообраќа на релација Кичево-Скопје излетал од шините. Според првичните информации, нема повредени патници. На местото на несреќата се упатила екипа која треба да го утврди оштетувањето на пругата.
Патничкиот воз удрил во карпа која најверојатно паднала на шините во близина на селата Лакавица и Падалишта, Гостиварско. Во прекин е сообраќајот на тој дел од пругата.
По пријавувањето на местото на настанот е упатена екипа за увид, кој треба да започне наскоро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.