Црна хроника
Поради тепачка приведени фудбалери на „Тетекс“ и „Кадино“, тупаница добил и полицаец
Синоќа нешто по 19 часот полициски службеници од тетовската полициџија ги лишиле од слобода Д.М.(20), Х.Д.(29) од Скопје, фудбалери на тетовскиот фудбалски клуб „Тетекс“ и М.Р.(20) и В.И.(29), фудбалер и претставник на фудбалскиот клуб „Кадино“ од истоименото скопско село.
Како што информираат од МВР, приведувањето било поради нивна вмешаност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар помеѓу овие две второлигашки екипи.
Покрај тоа, 20-годишниот фудбалер на „Тетекс“ удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија околу физичката пресметка, а Х.Д. попречувал полициски службеник при преземање службени дејствија.
Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.