Црна хроника
Поранешен директор на ЈКП „Солидарност“ – Виница доби кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе до Основното јавно обвинителство Кочани кривична пријава против И.С.(47) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 3 во врска со член 45 и несовесно работење во службата по член 353-в став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот, во периодот од 1.1.2014 до 22.11.2017, како директор на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ – Виница, без претходно донесена одлука на Управниот одбор и без финансиски план за начинот на користење на средствата од буџетот, од буџетот на комуналното претпријатие за репрезентации потрошил сума од 2.249.950 денари.
Исто така, пријавениот во истиот период, со непреземањето на потребните мерки и активности за наплата на побарувањата, дозволил да застарат ненаплатени побарувања во износ од 32.752.532 денари.
На тој начин пријавениот го оштетил јавното претпријатие за износ од 35.002.482 денари .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.