Црна хроника
Постапка за убиство поради тензии меѓу две семејства во Арачиново
Скопското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против маж, осомничен дека на 18. август во селото Мојанци, Арачиново, од автомобил во движење пукал во Зилбехар Ајвази.
Ајвази бил застрелан со огнено оружје со калибар од 7,62 x 25 милиметри.
Како што информираат од обвинителството, на критичниот ден, осомничениот седел на совозачкото седиште во автомобил „голф 3“, управуван од засега непознато лице.
Преку отворениот прозорец на автомобилот тој испукал два куршума во правец на сега починатиот Ајвази и го погодил во десната страна на градниот кош, нанесувајќи му тешка повреда.
Куршумот повредил повеќе витални органи. Оштетениот бил хоспитализиран во скопската болница „Св. Наум Охридски“, каде му била извршена операција, но на 9 септември починал.
Пред да почине, Ајвази на записник го идентификувал осомничениот како напаѓач кој пукал кон него, а како причина навел претходна нетрпеливост меѓу нивните семејства.
Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци.
Притоа, обвинителот особено го ценел фактот што непосредно по настанот осомничениот веднаш станал недостапен на органите на прогонот, по него била распишана потерница, а кога бил затекнат при претрес на неговиот дом, дал лажни податоци за својот идентитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.