Црна хроника
Почина жената од Кавадарци повредена во несреќата кај Велес
Почина 38-годишната жена којашто беше повредена во вчерашата несреќа меѓу неколку возила на патот Велес – Скопје. Полицијата соопшти детали околу сообраќајката што се случи вчера околу 8:00 часот на автопатот Велес – Скопје, по наплатна станица Отовица.
„Во несреќата учествувале патничко возило ‘бе-ем-ве’, со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ц.(29) од Велес, патничко возило ‘мазда’, со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(31) од Велес, патничко возило ‘шкода октавија’ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М.(37) од Кавадарци, патничко возило ‘мазда’, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(52) од Прилеп, патничко возило ‘мицубиши аутлендер’, управувано од М.К.(53) од Скопје, товарно возило ‘мерцедес’, со велешки регистарски ознаки, управувано од О.А.(60) од Велес и влекач, со непозната марка и регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое го напуштило местото на незгодата“, соопшти МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.М. и сопатниците во патничкото возило „шкода октавија“, Ј.В.М.(38) и 11- годишна малолетничка од Кавадарци, додека со телесни повреди се здобиле возачите Р.Ј. и Р.Д. Повредените биле пренесени во Општата болница Велес, додека Ј.В.М. била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починала. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.