Црна хроника
Почина возачот кој беше повреден во сообраќајната несреќа кај Калиманци
Возачот што беше повреден во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај Калиманци починал во болница. Станува збор за лицето Б.В. (30) од Кочани.
Несреќата се случи вчера во 15:50 часот на магистралниот пат Македонска Каменица – Кочани во близина на браната Калиманци помеѓу камион „мерцедес актрос“ со бугарски национални ознаки, управувано од В.М. (60) од Бугарија, и автомобил „опел аскона“ без регистарски ознаки, управувано од Б.В. (30) од Кочани.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здоби Б.В., кој беше пренесен на клиника во Скопје, каде во 20:50 часот им подлегнал на повредите.
Во времето од 15:50 до 18:40 часот сообраќајот на патот беше во прекин. Возачот на камионот бил задржан во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.