Црна хроника
Прегазени двајца пешаци на паркинзи во Штип и во Радовиш
Двајца пешаци од Штип и Радовиш завршиле во болница со тешки повреди во сообраќајни несреќи, во текот на вчерашниот ден.
Од МВР информираа дека во Радовиш автомобил на паркинг прегазил 66-годишна жена, додека во Штип, истотака на паркинг, прегазен бил 75-годишен маж.
Со автомобилите управувале лица на возраст над 60-години.
„На 02.12.2022 околу 10.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на паркинг простор на улицата „Блаже Коневски“ во Радовиш, патничко возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.П.(62) од Радовиш, удрило во пешакот Т.К.(66) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.К., констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш.
На 02.12.2022 околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на паркинг просторот на улицата „Сутјеска“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(75) од Штип, удрило во пешакот К.М.(75) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., констатирани во Клиничка болница Штип“, соопшти МВР.
По двете незгоди, увид извршила полициска екипа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.