Црна хроника
Прегазен маж на пешачки премин во Дебар Маало
Еден човек е тешко повреден откако автомобил удри во него додека преминувал пешачки премин на улицата Орце Николов, во близина на Министерството за одбрана.
Екипа на брзата помош е на терен со повредениот.
Сè уште нема детали како се случила несреќата и дали возачот на автомобилот бил под дејство на психотропни супстанци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Едно лице тешко повредено во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола
Oколу 1.05 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола, во близина на Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д. М. (58) од Битола, и патничко возило „ауди“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д. К. (20) од Прилеп.
Во несреќата возачот Д. К. добил тешки телесни повреди констатирани во болницата во Прилеп.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.
Топ
Починато бебе: автомобилот во кој било превезувано излетал од патот помеѓу селата Босилово и Турново
Вчера, околу 12.50 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 40-годишната В. Д. Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот.
Од добиените повреди починало бебето што било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицинскиот центар Струмица.
Телесни повреди добиле В. Д. Т. и сопатничката С. Т. (49) од село Доброшинци, Струмичко.
Полицијата соопшти дека увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.
Црна хроника
Мотоциклист прегазил 73-годишен велосипедист во Скопје и избегал
Вчера, во 13.20 часот, во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј. Б. (73) од Скопје, кои ги добил во сообраќајна несреќа.
Полициски службеници со него извршиле службен разговор, во кој изјавил дека на 17.3.2024, околу 17 часот, на улицата Методија Патчев во Скопје, додека управувал велосипед, бил удрен од мотоцикл, кој го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.