Црна хроника
Прегазен пешак во Скопје
Осумдесет и тригодишен пешак бил прегазен на улицата Македонско-косовска бригада во Скопје.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера кога автомобил „фолксваген пасат“ со скопски регистерски ознаки управувано од Б.М. (63) од Скопје удрил во пешакот Р.З. (83) од Скопје.
Со возило на итната медицинска помош пешакот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што во 13.30 часот починал.
Извршен е увид на местото на настанот и полицијата работи на утврдување на причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.