Црна хроника
Претепан и ограбен скопјанец – го извлекле од автомобил и го однеле во напуштен објект
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник за извршено разбојништво.
Осмничениот 23-годишник, заедно со уште три засега непознати лица, извршиле разбојништво врз еден оштетен граѓанин, кој со својот автомобил бил паркиран во близина на бензинска пумпа на улицатa „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје. Тие се доближиле до автомобилот и на возачот му се заканиле со нож, барајќи од него да им ги даде парите кои ги има кај себе. Потоа, под закана, го извлекле од автомобилот и го однеле во напуштен објект во близина. Осомничениот продолжил да му се заканува со ножот, а еден од неговите соучесници го удрил оштетениот со камен во слепоочницата. Од ударот тој изгубил свест. Кога се разбудил бил сам во напуштениот објект и забележал дека му ги нема паричните средства во износ од 1.000 денари кои ги имал кај себе.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, но и да влијае врз оштетениот за промена на неговиот исказ или врз соучесниците по кои се трага, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.