Црна хроника
Претреси во Скопје, пронајдени над 600 грама амфетамин, приведени двајца криминалци
Вчера, околу 4 часот, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош ги лишиле од слобода В. Ѓ. (43) и Н. Т. (31), двајцата од Скопје, поради сомнение дека се сторители на кривични дела тешки кражби.
При преглед во возилото „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени повеќе предмети погодни за извршување на кривичните дела.
А при претрес во домот на В. Ѓ., извршен со судска наредба, од полициски службеници од ЕВР Карпош и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, биле пронајдени и одземени повеќе од 600 грама амфетамин и предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела тешки кражби. Исто така, при претрес во домот во кој престојува Н. Т., извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети поврзани со кривично дело.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец ја истепал сопругата
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.
Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…