Црна хроника
Претрес во Велешко, пронајдени оружје и муниција, приведени две лица
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес, утрово, во с. Горно Јаболчиште уапсиле две лица кај кои било пронајдено оружје. Според информациите, се работи за М. У. (60) и И. У. (34), двајцата од истото село.
Во 6 часот, при претрес во куќа и помошни простории, каде што живеат двете лица, извршен со судска наредба, биле пронајдени: една автоматска пушка во калибар 7,62 мм со две рамки и 50 куршуми, една ловна пушка во калибар 16 мм, еден пиштол 7,62 мм со една рамка и 22 куршума и еден пиштол 7,65 мм со една рамка. Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветена пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.