Црна хроника
Претрес во Струга, пронајдени пушка, муниција и дрога, приведено едно лице
На 18.10.2022, во 18 часот, во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Д. У. (36) од Струга.
При претрес во куќата што ја користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две рачни бомби, два куршума, мои не биле во ист калибар, една воздушна пушка „гамон“, кеса со марихуана и други предмети.
Тој бил задржан во полициска станица и во консултација со јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.