Црна хроника
Претходно осудуван насилник од Чашка, пијан се обидел да силува жена од Негорци
Гевгелиското основното јавно обвинителство поведе истрага против жител на селото Мелница во општина Чашка, кој пијан се обидел да силува жена од Негорци.
Настанот се случил на 12 јануари откако осомничениот се опил со 1,66 промили алкохол во крвта и отишол во домот на жената кажувајќи ѝ дека сака да ја земе за жена нејзината ќерка.
Жената го одбила, по што тој ја нападнал, обидувајќи се да ја соблече и да ја принуди на обљуба. Таа се бранела, обидувајќи се да го оттурне и да повика помош, но осомничениот ја совладал, удирајќи ја и нанесувајќи ѝ повреди на главата и телото.
Нејзините повиците за помош ги слушнале двајца соседи кои дотрчале и му се заканиле на осомничениот дека ќе повикаат полиција, по што тој избегал.
Во меѓувреме човекот е уапсен и се товари дека се обидел да стори кривично дело силување.
Осомничениот претходно е осудуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, а кое претставува истородно кривично дело со она за кое се гони во конкретниот случај.
Имајќи го предвид тој факт, како и ценејќи ги сите други околности кои упатуваат на страв дека осомничениот би можел да го повтори поведението, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд во Гевгелија доставил предлог за определување притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.