Црна хроника
Приведени двајца крадци од Прилеп, ограбувале станови во Скопје
Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево во Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против К.Т.(47) и З.Д.(46), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле две кривични дела тешка кражба, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 355.000 денари.
Пријавените, на 9.3.2020 во два стана на бул. Јане Сандански во Скопје насилно влегле во становите и одзеле пари и златен накит. По извршување на второто дело биле пресретнати од полициски службеници од Полициската станица Аеродром и почнале да бегаат, но набргу потоа биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај нив биле пронајдени украдените предмети и алатот што го носеле со себе, специјално изработен за насилно отворање сеф-брави.
Во разговор со полициски службеници, со присуство на јавен обвинител, пријавените во целост ги признале делата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.