Црна хроника
Приведени двајца криумчари на мигранти
Синоќа во 19.00 часот на место викано „Клисура“ на автопатот А1, во близина на Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода од С.Р.(22) од с.Брест, општина Чучер Сандево и Е.Ј.(25) од с.Арачиново.
При преглед во возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.Р., а сопатник бил Е.Ј., биле пронајдени 14 лица-мигранти (по 6 лица од Сирија и Пакистан и 2 лица од Авганистан).
Претходно, во 18.30 часот, на автопатот А1 во правец од Прдејци кон Демир Капија, возилото не застанало на знак за запирање од полициски службеници, а кога било запрено возачот, совозачот и мигрантите се обиделе да избегаат, но биле спречени и лишени од слобода.
С.Р. и Е.Ј. биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.