Црна хроника
Приведени двајца скопјани, ограбиле обложувачница, црква, малолетничка
Приведени две лица што извршиле повеќе кражби во Скопје. Ограбиле обложувачница, црква, гаражи, луѓе итн.
Според информациите, се работи за А. И. (24) и В. А. (20), двајцата од Скопје.
„Тие се сомничат дека на 16.10.2022 одзеле пари од спортска обложувачница на улицата Митрополит Тедосиј Гологанов, на 21.10.2022, со употреба на погоден алат и физичка сила, влегле во црквата ‘Св. Богородица’ на кејот Димитар Влахов и одзеле пари, на 1.11.2022, на улицата 11 Октомври, со употреба на физичка сила, од женско лице од Скопје одзеле паричник, а на 14.11.2022, во подрумски гаражи на улицата Кузман Јосифовски-Питу, со закана и употреба на физичка сила, од малолетничка од Скопје одзеле пари. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а дел од одземените средства и предмети бил пронајден и вратен на сопствениците“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.