Црна хроника
Приведени двајца тетовци со кокаин
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово на 13.08.2019 околу 1.45 часот, во тетовско Жеровјане ги лишиле од слобода 23-годишниот Х.Ј. и 29-годишниот Л.М. од Тетово. При нивен и преглед на возилото „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски таблици, во кое се наоѓале, а кое било паркирано во близина на бензинска пумпа, пронајден и одземен е кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.