Црна хроника
Приведени две лица кои нападнале вработени во угостителски објект во Струмица
Утрово околу 06.00 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода С.И. (32) и Р.И. (31) и двајцата од Струмица.
Истиот ден околу 04.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во магацински простор на угостителски објект во Струмица С.И. извадил пиштол кој го вперил кон двајца од вработените и се обидел да го употреби, но истиот не испукал, а при обид да го репетира од страна на други присутни, пиштолот му бил одземен.
На настанот, според пријавеното, му претходело недоразбирање помеѓу Р.И. и дел од вработените, по што Р.И. си заминал од местото и по околу половина час повторно се вратил заедно со С.И. притоа Р.И. физички нападнал некои од вработените, а С.И. се обидел да го употреби пиштолот.
Од страна на полициски службеници од СВР Струмица на лице место бил пронајден и подигнат неиспукан куршум од пиштолот, а по одземање на пиштолот во рамката од истиот биле пронајдени уште 5 куршуми.
Лицата се задржани во Полициска сттаница Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.