Црна хроника
Приведени две лица од Врапчишта, затворен угостителски објект
Вечерва во 20.30 часот, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Галате, во село Неготино, општина Врапчиште, бил приведен М.Б.(30) од с.Неготино, сопственик на угостителски објект во селото, поради „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
При извршена контрола во објектот, полициски службеници констатирале дека објектот работи, а во него имало околу 25 гости, спротивно на одлуката на Владата за работа на угостителските објекти. По документирање на случајот против него ќе виде поднесен поднесок по.чл.206 од Кривичниот законик. Од страна на Државен пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен и запечатен со пломба, по што од страна на Б.Б.(37), од с.Неготино, брат на М.Б., пломбата била отстранета, по што и тој е лишен од слобода, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.