Црна хроника
Приведени две лица поради кражби и поседување огнено оружје
Врз основа на претходна судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во работилница на улицата 18 Ноември во Гостивар, која била во сопственост на 68-годишниот гостиварац М.Г. Притоа, во работилницата, како што соопштија од МВР, бил затекнат 30-годишниот Албанец Р.К., кој бил лишен од слобода поради постоење основи на сомение за извршени повеќе кривични дела кражба и поседување огнено оружје, како и други кривични дела.
„При претресот биле пронајдени една автоматска пушка без рамка, една рамка за автоматска пушка со 24 куршуми во калибар 7,62 мм, една рамка за пиштол со четири куршуми, еден пиштол без рамка, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело кражба, и тоа: девет мобилни телефони, две дигитални камери, осум рачни часовници, бижутерија и други предмети“, стои во соопштението на МВР.
Од полицијата велат дека сите пронајдени предмети биле одземени и дадени на вештачење. Државјанинот на Албанија, 30-годишниот Р.К., кој веднаш бил лишен од слобода, како што соопштија од полицијата, бил задржан во полициска станица, а исто така, поради сомнение дека заедно со него ги извршувал кражбите, во Полициската станица Гостивар бил приведен И.А. (26) од Гостивар.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка од Куманово нападната од соученик
Вчера велер во 21.32 часот во СВР Куманово, 36-годишната З.Ф. од Куманово, пријавила дека додека се враќала од училиште нејзината малолетна ќерка со остар предмет била нападната од нејзин соученик, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.