Црна хроника
Приведени крадци од струмичко
Уапсени се три лица во струмичко за сторени тешки кражби на подрачјето на Струмица и околните села, соопшти МВР.
Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Струмица, на 09. и 10.10.2020, по претходни оперативни сознанија, во с.Иловица, струмичко, ги привело трите лица поради сомнение дека извршиле повеќе тешки кражби во куќи.
Во СВР Струмица биле приведени Ш.М.(32), С.М.(18), двајцата од село Иловица и 17 – годишен малолетник од с.Свидовица. Во врска со кражбите, на разговор во СВР Струмица бил повикан и Ш.М.(18 ) од с.Иловица.
Расчистени се тешки кражби кои ги извршиле во куќи во с.Колешино и с.Куклиш и пронајдени се и одземени повеќе предмети кои им припаѓаат на оштетените. Исто така, извршено е и препознавање на Ш.М.(32) од страна на оштетените.
По целосно документирање и расчистување на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.