Црна хроника
Приведени криминалци во Виница
На 2.6.2022 во Виница, полициски службеници на СВР Штип – Полициска станица Виница ги лишиле од слобода Д.С.(34) од Крива Паланка, С.Т.(22) од Зрновци, Кочанско и Б.И.(37) од с.Грдовци, Кочанско.
При претрес, извршен со судска наредба, во патничко возило „ауди“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С., сопственост на Б.И., во кое сопатник бил С.Т., биле пронајдени и одземени бела прашеста материја, дробилка, остри предмети, странски лични документи, пари и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од повеќе кривични дела.
По извршени проверки било утврдено и дека Д.С. бил баран по потерница за доиздржување затворска казна од 12 години, а бил осуден на вкупно 22 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.
Пронајдените предмети кои потекнуваат од кражби ќе бидат вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.