Црна хроника
Приведени скопјанец и Косовка за кражби во Чаир
Во Чаир вчера биле уасени две лица за кражба извршена во продавница. Одземените предмети биле најдени кај нив и му биле вратени на сопственикот.
Според информациите, се работи за Џ. Х. (27) од Скопје и за Е. Ш. (47) од Косово, со престој во Скопје.
За двајцата постои сомнение дека и претходно неколкупати во истиот продажен објект одзеле разни предмети. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Е. Ш., на која ѝ била истечена дозволата за престој, односно личната карта за странец, им била предадена на службени лица од Секторот за странци при Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.