Црна хроника
Приведени тројца малолетници од гостиварско, украле патничко возило
Вчера во 10.20 часот во с. Неготино, гостиварско, од слобода биле лишени тројца малолетници од с. Сенокос, гостиварско.
Тие се сомничат дека во текот на денот во с. Сенокос одзеле патничко возило „опел вектра“, сопственост на И.Б.
Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје
Синоќа во 20.45 часот во Полициската станица Аеродром, К.И.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден околу 14.20 часот во Полициската станица Карпош, Б.Р.(54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчера во 15.45 часот во Полициската станица Драчево, А.Н.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Возило излетало од патот Куманово – Скопје, возачот тешко повреден
Синоќа, во 19.20 часот, во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с. Ново Село, Кумановско, патничко возило „сеат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. З. (20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.
Црна хроника
Приведени крадци во Битола
Вчера, во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К. Б. (30) и Н. Б. (41), двајцата од Битола.
При претрес во домот на К. Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во разни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.
А при претрес во домот на Н. Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.