Црна хроника
Приведени тројца разбојници, влегле во „сканија“ и го ограбиле камионџијата од Србија
СВР Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар го расчисти разбојништвото што на 25.10.2019 околу 20 часот било извршено над 48-годишниот Г.С. од Република Србија и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави за М. Х. (33) и Љ. Х. (27), двајцата од гостиварското село Дебреше, и Ш. Ј. (42) од гостиварски Равен.
Како што информира полицијата, тројцата се сомничат дека во близина на наплатната станица Гостивар најпрво побарале да влезат во товарно моторно возило „сканија“, со српски регистарски ознаки, што го управувало Г. С, а потоа и физички го нападнале и со закана со остар предмет му одзеле паричник со 9.000 динари, 50 евра, возачка дозвола и банкарска картичка. Нешто подоцна пријавените се лишени од слобода и изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, кој им определил мерка притвор од 30 дена, по што биле спроведени во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ – Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.