Црна хроника
Приведени четири лица во Крушево за непочитување на забраната за движење во шуми
Четири лица од крушевско биле приведени затоа што биле затекнати со возило во шумски предел.
На 06.08.2021 во 21.00 часот, на место викано „Орлов Камен“, на патот за с.Бирино, крушевско, полициски службеници од Полициската станица Крушево ги лишиле од слобода М.К.(20), Ф.М.(24), Б.К.(26) и А.М.(19), сите од село Врбоец, крушевско, затоа што биле затекнати со патничко возило во шумски предел, односно затоа што не ја почитувале целосната забрана на движење во шуми.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени записници за констатиран прекршок согласно одребите на Законот за шуми по член 57 став 3, спротивно на член 106 став 4 „Движење во шума за време на целосна забрана“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.