Црна хроника
Приведено лице од Скопје, со пиштол им се заканил на други две лица во близина на преминот „Долно Блаце“
Вчера на клучката Стајковци, Скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(30) од Сингелиќ, Скопско, затоа што околу 10:50 часот на магистралниот пат Скопје – Граничен премин „Долно Блаце“, во близина на преминот, со пиштол им се заканил на К.Е.(37) од Скопје и Р.С.(45) од Куманово.
Тој набрзо бил пронајден и приведен од страна на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, а при преглед на возило „голф“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени пиштол, кој го поседувал без одобрение, рамка со три куршуми и нож.
Денеска (3.2.2022) од страна на Единицата за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи против него била поднесена кривична пријава по член 396, а од страна на Единицата за насилен криминал поднесена е кривична пријава по член 133 од Кривичниот законик, додека од Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.